Здравствените власти го задржаа истиот став вакцината на „Астра Зенека“ да не се користи за лица помлади од 60 години. Информацијата денеска ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче откако утрово на состанок со работната група за имунизација го разгледувале вчерашниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА).
„Утрово го разгледувавме ставот на бордот на ЕМА во врска со „Астра Зенека“. После евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот на ЕМА излезе со две препораки: првата е дека тие несакани ефекти треба да влезат во упатството и второ дека секоја држава треба да заземе став како ќе се користи вакцината. Согласно тоа, по утринските консултации, донесовме став вакцината на ’Астра Зенека‘ да не се дава на помлади лица од 60 години во нашата земја“,
Comments are closed for this post.