СДС на чело со Филипче не само што не може да се спротивстави и да биде конструктивна опозиција во Македонија туку падна на ниво да биде трета опозициска партија.

Кога Венко Филипче зборува за страв веројатно мисли на себе и стравот од спротивставување на влијанијата кои ги има Заев во неговата партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче делува како продолжена рака на Заев и без одобрение на Заев не смее да одржи ниту состанок во СДС а не пак реформи и демократизација на партијата.Приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев. Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, а фокус му се желбите и заштитата на Заев.

Дека Филипче делува по насока на Заев, потврда е изборот на лојални кадри блиски до Заев и неодамнешното поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата.

Филипче ја турка СДС во лидерска криза, актуелни и поранешни функционери се дистанцираат од него и не сакаат да бидат дел од раководството на СДС токму поради недовербата во неговото лидерство. Филипче со своето делување ги блокира реформите во партијата.

На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција.