Министерот за здравство, Венко Филипче, за Телевизија 24 изјави дека се следи ширењето на новиот британски сој на ковид-19 и доколку се зголеми бројот на инфицирани лица постои можност од воведување засилени рестриктивни мерки.
Разговарав со претставници од британската амбасада кај нас, ја следиме ситуацијата, постојат две опции – или силниот бран се должи на мутацијата на вирусот, што значи дека ако значајно се зголеми бројот на случаи веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки или едноставно станува збор за природен тек на епидемијата во тие земји, не само како резултат на мутацијата на вирусот. Засега, со овој процент на детекција на мутацијата на вирусот, нема потреба да се воведуваат нови рестриктивни мерки, но будно ја следиме ситуацијата и гледаме како ќе биде, вели Филипче.
Comments are closed for this post.