Македонија станува уште понебезбедна држава. Со измените на Заев и Спасовски, криминалот ќе царува, народот ќе живее во страв.

Владата на Република Македонија, претставувана од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот заменик Назим Буши подготви измени во закон по мерка на луѓето кои ги кршат законите.

Имено, тие прават измени на законот за оружјето со кое се намалуваат казните за сериозни дела и прекршоци.

Под овие предлог измени кои на криминалците ќе им дадат “одврзани раце“ и помалку грижи дека казните се помали, се потпишува лично премиерот Зоран Заев.

Заев овој допис го испраќа до претседателот на Собранието Талат Џафери и ги именива Спасовски и Буши за претставници на Владата, а како поверници ги наведува Несторовска и Доревска кои се вработени во МВР.

Во образложението се наведува:

Со Законот за оружјето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05, 47/06, 42/07, 86/08, 72/10, 158/11, 119/13, 164/13, 152/15, 193/15, 55/16 и 97/18) се уредуваат условите за набавување, поседување, носење, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, превоз и пренесување преку државната граница на оружје и муниција, а определено е дека одредбите на овој закон нема да се применуваат на вооружувањето и воената опрема, како и на оружјето и муницијата наменети за потребите на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, казнено-поправните установи и другите државни органи и правни лица утврдени со посебни прописи.

Со предложените изменувања на Законот за оружјето се врши усогласување со Законот за прекршоците (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/19), во конкретни сегменти што се однесуваат на глобите за физички и правни лица, односно се врши ревидирање на прекршочните одредби со цел нивно усогласување со новиот Закон за прекршоци.

Со предлог законот, Заев и Спасовски драстично ги намалуваат казните за кривични дела поврзани со оружје.

Порталот „Курир“ дојде до целосната документација за овој предлог закон. Станува збор за драстични намалувања, па прекршителите на закон по одредени точки до сега морале да платат 1000 евра, а од сега ќе плаќаат само 50 евра! Се намалуваат и затворските казни, а на одредени делови казните изнесувале и до 3000 евра, а сега ќе изнесуваат максимум 100 евра!

Во продолжение ви пренесуваме колку и како ќе се намалуваат казните:

Член 1

Во Законот за оружјето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05, 47/06, 42/07, 86/08, 72/10, 158/11, 119/13, 164/13, 152/15 , 193/15, 55/16 и 97/18), во член 79 ставот 1 се менува и гласи:

„Глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 1000 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 1000 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци, ќе му се изрече на правното лице кое ќе набави, поседува, произведе, поправи, продаде, размени или даде на друг оружје и муниција чие набавување, поседување, носење, производство, поправање или промет е забрането.“

Во ставот 2 зборовите „три години“ се заменуваат со зборовите „две години“.

Член 2

Во член 80 во ставот 1 во воведната реченица зборовите „600 до 1.000 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 250 евра“.

Член 3

Во член 81 во ставот 1 во воведната реченица зборовите „500 до 1.000 евра“ се заменуваат со зборовите „50 до 250 евра“.

Член 4

Во член 82 во ставот 1 воведната реченица се менува и гласи:

„Глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 1000 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 1000 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци, ќе му се изрече на правното лице кое:“

Во ставот 2 зборовите „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите „250 до 500 евра во денарска противвредност“.

Во ставот 4 зборовите „три години“ се заменуваат со зборовите „две години“.

Член 5

Во член 82-а во ставот 1 зборовите „25 до 50 евра“ се заменуваат со зборовите „15 до 40 евра“.

Во ставот 2 зборовите „25 до 50 евра“ се заменуваат со зборовите „15 до 40 евра“.

Член 6

Во член 83 во ставот 1 воведната реченица се менува и гласи:

„Глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 1000 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 1000 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци, ќе му се изрече на правното лице кое:“

Во ставот 2 зборовите „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите „250 до 500 евра во денарска противвредност“.

Член 7

Во член 83-а зборовите „600 до 1.000 евра“ се заменуваат со зборовите „ 50 до 250 евра“.

Член 8

Во член 83-б ставот 1 се менува и гласи:

„Глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 1000 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 1000 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци, ќе му се изрече на правното лице кое постапува спротивно на одредбите на членовите 86, 86-б и 86-г од овој закон.“

Во ставот 2 зборовите „30% од одмерената глоба за правното лице“ се заменуваат со зборовите „250 до 500 евра во денарска противвредност“.

Член 9

Во член 83-д ставот 1 се менува и гласи:

„Глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 1000 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 1000 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци, ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува стручниот испит, доколку не го снима, не го емитува во живо на веб страницата на Министерството за внатрешни работи и доколку не ја постави снимката од целиот испит на веб страницата на Министерството за внатрешни работи согласно со членот 14-д од овој закон .“

Ставот 2 се менува и гласи:

„Глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од 1000 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 1000 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци, ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува стручниот испит, доколку не го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот (член 14-д став 5).“

Во ставот 3 зборовите „2.000 до 3.000“ се заменуваат со зборовите „50 до 250 евра“.

Во ставот 4  зборовите „100 до 200“ се заменуваат со зборовите „ 50 до 250 евра“.

Во ставот 5 зборовите „2.000 до 3.000“ се заменуваат со зборовите „150 до 500 евра“.

Со оваа измена драстично се намалува глобата за физички лица при прекршување на одредбата од ставот 1 на членот 81. Со драстичното намалување на казните дава флексибилност на законот при што многу полесно би се прекршил истиот. Со ваквите измени би се ставила во ризик безбедноста на граѓаните, ризик од зголемен број од деликвентско однесување кај младите, би се зголемил бројот на вооружени кражби итн.

При споредба на постоечкиот закон за оружје, со новите измени на Заев и Спасовски, јасно станува колкави штети за општеството ќе предизвика овој закон. КУРИР дојде до компарацијата, која ви ја пренесува во продолжение.

КОМПАРАТИВНИ ТАБЕЛИ:

 

извор: Курир.мк