Судечкиот судија во предметот „Монструм”, Огнен Ставрев изјави дека за него овластени обвинители за овој предмет се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се до одлуката на Јовевски.
Се очекува овој месец во судницата во Кривичен суд да бидат пуштени снимките што ги поседува СЈО за случајот „Монструм“.
„Во бомбите во случајот „Монструм“ има и интимни и приватни разговори“, соопшти судијата Ставрев, кој рече дека ќе треба да се направи селекција на разговорите, односно точно да се знае во кој дел од разговорите јавноста треба да биде исклучена.
Во доказниот материјал за петкратното убиство има вкупно 38.000 прислушувани разговори и СМС-пораки. Во содржината на разговорите имало и вулгарности, а неизвесно е дали до 18 септември, за кога е закажано следното рочиште, ќе биде направена селекција, односно ќе бидат обележани деловите од разговорите кои јавноста не треба да ги чуе.
Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиени беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.
Comments are closed for this post.