Во само еден ден општина Кичево склучила четири договори за хотелски и угостителски услуги во вредност од речиси 27 илјади евра.

Договорите се склучени со три различни компани на 2 јули, а истите според електронскиот систем за јавни набавки се објавени на 16 ноември.

Сите договори се склучени за период од една година. Во сите документи за јавните набавки образложението е идентично, односно дека услугите се за потребите на општина Кичево.

ДОГОВОРИ:

1.ДОГОВОР ЗА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ОПШТИНА КИЧЕВО СКЛУЧЕН НА 07.02.2018 ГОДИНА СО КОРАБИ ДВЛ ДООЕЛ КИЧЕВО ВО ВРЕДНОСТ ОД 472.000,00ден.

-Во договорот е прикачено менито во кое се наведени цени на пирошки, омлет, сокови, гулаш, даски, селско месо, риби, салати.

2.ДОГОВОР ЗА  ХОТЕЛСКИ УСЛУГИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ОПШТИНА КИЧЕВО СКЛУЧЕН НА 07.02.2018 ГОДИНА СО АРАБЕЛА ДООЕЛ ВО ВРЕДНОСТ ОД 354.000,00ден.

-Во договорот се наведени цените за ноќевање со и без доручек, полу пансион и полн пансион.

3.ДОГОВОР ЗА  УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ОПШТИНА КИЧЕВО СКЛУЧЕН НА 07.02.2018 ГОДИНА СО „АРАБЕЛА“ ДООЕЛ ВО ВРЕДНОСТ ОД 472.000,00ден.

-Во договорот е стои и менито со цени за ракија, скара, салати, вина, сокови, предјадења.

4.ДОГОВОР ЗА  ХОТЕЛСКИ УСЛУГИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ОПШТИНА КИЧЕВО СКЛУЧЕН НА 07.02.2018 ГОДИНА СО АД „ТАЈМИШТЕ“ ВО ВРЕДНОСТ ОД 354.000,00ден.

-Во договорот се наведени цени за ноќевање во еднокреветна соба, ноќевање во двокреветрна, со или без вклучен појадок, или со или без вклучени доручек,ручек,вечера.

Парите за капитални инвестиции завршија на сметка на општините

Во меѓувреме Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2018 година со кој парите предвидени за капитални инвестиции се релоцирани за да се покријат долговите на општините.Oпштините пријавиле долг  од 97,5 милиони евра. На нивните сметки со ребалансот легнаa 48,8 милиони евра.

Владејачкото мнозинство и министерот за финансии Драган Тевдовски тврдеа дека парите ќе бидат потрошени за покривање на долговите кон добавувачите со што ќе се помогне во локалниот економски развој, а новите закони ќе го спречат неразумното трошење на градоначалниците.

Сменете го законот, 50 милиони евра да им ги дадеме по фер критериуми, по број на жители, населени места, конкретни проекти, а не за неплатени кафеански сметки. Не знаете како да ги потрошите парите од нереализираните капитални инвестиции и правите намерен хаос за да се покриете“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.