Пожари беснеат низ цела Македонија. Нашите пожарникари, Армијата, екипи од Дирекцијата за за заштита и спасување и ЦУК се борат со огнената стихија. Но, и со огромна помош од нашите пријатели од соседните земји кои пратија најсовремени авиони и хелиоптери. .

Први што испратија помош се Турција, Србија, Хрватска, Романија, Словенија и Црна Гора.

Канадери, Камов-КА 32 на Србија кој може да носи пет тони вода одеднаш, турски ЕР трактори летаат над македонските планини и пожарите во голема мера се локализирани.

Македонија се доведе да бара помош од соседите откако долго време не беа во функција трите Ер трактори па бевме оставени со само со неколку полициски и армиски летала што се разбира не се доволни во вакви вонредни ситуации.

Легендарна е и фотографијата од пред неколку години кога власта на СДСМ го гаснеше пожарот со ФАП камионче.