Градоначалникот на Кичево во последните 10 години Фатмир Дехари организира прослава од 10-годишното албанско владеење со општина Кичево „10 години ГОРДОСТ“.

Прославата на десетгодишното владеење на ДУИ со Кичево ќе се одржи денес, а програмата е составена од настапи на детски ансамбли, на Националниот албански симбол но и историски час насловен како „Кичево под албанска власт“. Не се знае кој ја финансира оваа прослава, дали средствата ги издвојува општината или се приватни донации.

На „приватната журка на која Дехари промовира национализам и иредентизам“ реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево.

Што е гордо и достоинствено во неговото владеење, дали дека направи пустош и егзодус? Дека се иселени многу граѓани, пред сè Албанци, дека се затворени многу фирми, а тој соработува само со неколку? Опустошена е чаршијата, владее корупција! Еманципираните и образовани Албанци не може да ги задржи со приватна журка и со илјадници албански знамиња. На што е горд Дехари, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Кичево е една од најзапустените општини во Македонија, со голем број комунални проблеми и проблеми со инфраструктурата. Кичево е лидер во полицискиот билтен по пријави од каснувања од улични кучиња.

Кичево доби градоначалник од ДУИ по територијалната поделба во 2013 година кога на Кичево му се припоија помалите општини со доминантно албанско население, меѓу кои е и Зајас, родното место на лидерот на ДУИ Али АХмети.

Фатмир Дехари, пак, е поранешен телохранител на Ахмети, но и функционер на ДУИ во МВР и во УБК. За првпат стана градоначалник на 24 март 2013 година, а потоа победи и на локалните избори во 2017 и 2021 година.