Европската унија не сака да ги коментира новите прислушувани разговори кои се појавија во јавноста. Оттаму велат дека властите сепак преземаат дејствија во врска со материјалите.

 Ние не коментираме за тековните истраги или постапки. Комисијата забележува дека властите преземаат акции во врска со неодамна објавените прислушувања-велат од ЕУ за Пресинг ТВ.

Во последниве неколку месеци во Македонија се појавија прислушувани разговори кои дојдоа од два различни извори. Најнапред од псевдонимот „Илија Громовник“ на руски социјални мрежи се појавија аудио разговори на кои се препознаваат гласовите на функционери од власта.

Во најновите снимки кои профилот Ел Чеку“ ги објавува на Фејсбук тврди дека се слушаат политичари од ДУИ.

Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека ги испитуваат разговорите но оти не може да потврди дали тие се дел од материјалите кои СЈО веќе ги поседува.