Европската унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и со неговото барање политички азил во Унгарија.

Пресинг ТВ го праша портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич дали доколку Унгарија како земја членка на ЕУ одобри азил ЕУ тоа ќе го почитува, на што довивме одговор дека ова е случај кој не смее да се политизира.

 

Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, за земјите членки и за земјите кандидати. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејстуваат строго во согласност со релавантните правила. Ова е судска постапка која не смее да се политизира-изјави Коцијанчич за Пресинг ТВ.

Фото Пресинг ТВ

Ова е прва реакција на официјален Брисел во врска со случајот со Груевски.