Интерпол повеќе од два месеца одбива да ја објави меѓународната потерница за Никола Груевски, обелодени обвинителката Вилма Рускоска.

Седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата, а не даваат образложение”, рече Русковска.

Засега Груевски се бара со потерница само во Македонија.

Обвинителката појасни дека исто барања Обвинителството претходно испратило за првиот предмет за настаните од 27 април за пет лица, меѓу кои Никола Митревски-Кољо и Александар Василевски-Нинџа, кои на почетокот на постапката беа недостапни на органите на прогонот, за кои Интерпол веднаш ги објавил потерниците и овие лица, како што нагласи Рускоска, се за истото кривично дело и за нив е испратено истото барање со истата потребна документација.