Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Скопје кои се задолжени да ги детектираат контактите на Амди Бајрам кои биле со него на свадбата на неговата внука која пред 10 дена се одржа во Истанбул, Турција и каде присутни биле стотици гости од Македонија, не може да ги најдат сите гости и контакти.

Директорот на ЦЈЗ Скопје д-р Алексадар Стојанов за Слободен печат тврди дека ги контактирале блиските на Бајрам, но дека на голема соработка не наишле.