Откако министерот за надврорешни работи Бујар Османи изјави дека не знаел оти фирмата Еуровиа е донатор на ДУИ, на социјалните мрежи почнаа да излегуваат фотографии за сопственикот Елмедин Адеми. Тој е фотографиран со целото раководство на партијата сосе Османи.

Фирмата на Адеми сосема случајно е избрана од МНР на Османи за 1,8 милиони евра да ја адаптира салата „Борис Трајковски“ за потребите на Самитот на ОБСЕ,

Адеми на социјалните мрежи самиот се фали со својот луксузен живот. Фотографиран е на јахта, има бредирана гардероба, а има скапи очила.

Поради сево ова Антикорупциската комисија најави дека ќе отвори постапка за Османи, МНР и Адеми и неговата фирма како токму тие се избрани.

Фирмата „Еуровиа“  ќе ја гради и полициската станица во Аеродром.Цената е фиксна-два милиони евра.