Ел Чека му одговори на премиерот Заев. Постирајќи видео од прес конференцијата во Влада, Ел Чека на фејсбук напиша:
Најдобар брате мој, ја превртуваме државата“.
Веднаш потоа објави и неколку статуси на фејсбук со порака до премиерот Заев, но дел од нив веднаш беа избришани. Во една од пораките се вели:
Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување! Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на таа држава што ги ослободува криминалците, а секој ден ги држи Албанците во затворите. Не заборавај земи го Али со Николче и дојдете навака. Мртви тела од денот кога дојдовте!“, напиша Ел Чека на Фејсбук.
Премиерот Зоран Заев му порача на Ел Чека дека ќе одговара за бомбите кои ги објавува на социјалните мрежи. На прашањето зошто во разговорите во бомбите од Ел Чека има разговори само од функционери од ДУИ тој го побара неговиот број.
Ако имате некој телефон дајте ми број од господинот Чека да му се јавам и да го прашам , чекај бе пријател зошто ти само за господинот Ахмети објвуваш а не објавуваш за мене.Еве јавно нека објави и за мене но да треба да знае дека постои закон и кривично се одговара. Приватноста е заштитена , но овој човек не води грижа за таа работа. Овој човек кога тогаш ќе одговара-му порача Заев на Ел Чека.
Comments are closed for this post.