Премиерот Зоран Заев денеска посочи дека се уште има доверба во Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и дека треба да се почитува презумијата на невиност. Според него, треба да се утврди дали таа била злоупотребена или употребена во целиот случај.

Тој уверува дека не се слушнал со Јанева пред да и биде одземен телефонот.

Може да прочитаме се и сешто. Не сум се слушнал со Катица Јанева. Денес може да читате се. Верувам дека граѓаните може да оценат што е што, ако нешто се случило тоа можете сами да го утврдите ќе ги прашате соодветните луѓе, можете да прашате некои дипломати или поранешни дипломати, како што ме прашавте мене, но Јавното обвинителство соопшти дека било во нејзиниот дом, не е извршен претрес, но и е одземен мобилниот телефон со цел да се види нејзината поврзаност или соучество со Бојан Јовановски или пак да се увиди дали таа е злоупотребена, рече Заев.