Објавувачот на прислушкуваните разговори, Шеќерим Ахмети, во јавноста познат како „Ел Чека“, преку својот профил на Фејсбук, со пријателите и неговите поранешни другари ги повикаа лидерите на албанските опозициски партии Зијадин Села и Билал Касами да се приклучат на повиканиот протест кој треба да се организира на 26 јули пред Владата во Скопје, пренесува Журнал.
Јас како организациски совет на протестите заедно со сите совети кои ние ги формиравме во цела Северна Македонија ги повикуваме Зијадин Села и Билал Касами (Алијансата и Беса) дека на 26.07.2019 во 14:00, петок ќе одржиме протести во Скопје пред Владата на С.М. и пред Парламентот. На секој протест кој ќе го организираме да бидат присутни заедно со нивните членови, и да не молчат. Молчењето е криминал и на секој протест што ќе го оржиме да бидат присутни заедно со нивните членови. Протестите се национални. Редот е на партиите да го поддржат народот. Оние кои не го поддржуваат не се со народот. Секој протест надвор од овој е национална поделба, напиша Шеќерим Ахмети познат како Ел Чека.
Comments are closed for this post.