„Слушнав дека Зоран Заев ќе побара од САД да ме апсат, бидејќи им ги вадам на виделина нивните нивните злосторства и криминали кои ги имаат направено овие главните во државата кои се од глава до пета криминализирани. Зајче, кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој, да не испадне после да ти кренат слушалка оние руските комичари“.

Ваква порака му испрати кичевецот Шеќерим Ахмети – Ел Чека преку фејсбук на премиерот Зоран Заев, откако премиерот Зоран Заев тој во последното интервју рече дека ќе побара негово апсење.

Заев се правдаше дека неговите прислушувани разговори не се слични на оние кои ги објавува Ел Чека за раководството на ДУИ, пишува ИНА.