Вработен во секторот за контрола и истрага во Царинската управа е второто лице кое било во посета на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта.
Двајцата вработени во царинската управа што изминатиов период беа фотографирани во Будимпешта со Груевски, се вратиле на своите работни места.
Едниот од нив, како што е познато, бил таму од здравствени причини, а вториот имал земено два дена одмор и еден слободен.
Правото на патување е лично право изјави, директорот на Царинска управа, Ѓоко Танаскоски. Тој кажа дека не може да ги спречи неговите вработени да патуваат, а за посетата на двајца службеници во Будимпешта се врши истрага.
Против второто лице кое беше во Будимпешта, се водат и други истраги, посочи директорот. Неофицијално, вториот цариник е осомничен и во рамки на друга истрага, поврзана со шверцување на стоки, а се товари за злоупотреба на службена должнсност.
Comments are closed for this post.