Денешното потпишување на пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО е резултат на долгогодишни напори на повеќе влади и бројни воени контингенти кои учествуваа во операциите на Алијансата, вели во коментарот објавен на својот Фејбук профил, професорката Гордана Силјановска Дафкова, номинирана за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ.
Иако денешниот чин претставува исправање на неправдата којашто ни беше нанесена на самитот во Букурешт, сепак не смееме да заборавиме дека ова не е време за еуфорија, истакнува таа.
„Цената која ја плативме и ќе ја плаќаме во иднина е висока. Една неправда е заменета со друга, а наградата ќе има смисла само доколку претставува чекор кон целосна европска интеграција, т.е. зачленување во ЕУ преку целосно исполнување на сите критериуми. Пред нас е долг пат на реформи, кои мораат да започнат дома и да се имплементираат заради нас самите“!, се вели во објавата.
Comments are closed for this post.