Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ.

Автомотосојузот на Македонија информира дека утрово на граничните премини Богородица и  Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата