Собраниескиот спикер , Талат Џафери денеска беше во Обвинителството за организиран криминал, каде што беше повикан да даде исказ за настаните на 27 април.

Се работи за постапка по службена должност, за тоа како Џафери е избран за претседател на законодавниот дом, по пријава на граѓанско здружени од Битола.

Од битолското граѓанско здружение, Џафери беше обвинет дека е неуставно избран за претседател, а Џефери вели дека тоа здружение не е во опсегот на неговите размислувања, и дека истото може да кажува што сака.

Како и сите граѓани така и јас, Талат Џафери, се одзвав на поканата на обвинителство и ја извршив својата граѓанска обврска“ рече Џафери.

Основното јавно обвинителство кон средината на ноември информира дека отворило истрага за начинот на кој е избран Џафери за претседател на македонското Собрание.

Освен Џафери, покана од обвинителството добиле и пратеници кои учествувале на собраниската седница на 27 април.