Според законите, одговорноста за такво нешто е кај Судот, кој треба да ги обезбеди лицата во постапката, одговори на новинарско прашање спикерот Талат Џафери на вчерашниот брифинг во врска со забелешката на обвинителката Вилма Рукоска дека ако пратеникот Трајко Велјановски побегне надор од државата, за тоа ќе биде виновно Собранието.

Според него, правниот дел не бил исполнет до крај, бидејќи Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања немало донесена предлог-одлука, а тој, како што рече, се повикува на процедури.

Мене ми беше должност да свикам седница, бидејќи претседателот на Комисијата поднесе извештај. Не е моја надлежност да ценам што има во извештајот и дали гласањето во Комисијата било изедначено, изјави Џафери.

Седницата, според собранискиот спикер, била прекината поради однесувањето на дел од пратениците. Тој потенцира дека не можат пратениците да го предводат него, туку тој ги предводи нив.

На констатацијата од новинарите дека собранискиот спикер го заштитил Вељаноски, тој вели дека тој во своето работење не внесува чувства дури и да има многу причини за тоа, туку е должен да го штити интегритетот на институцијата.