Претседателот на парламентот Талат Џафери синоќешната седница ја прекинал поради, како што рече, однесувањето и дофрлувањата на пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, кој му рекол дека времето изминува и дека треба да се гласа.
На прес конференција во Собранието Џафери меѓудругото одговори на прозивките од СДСМ и Алијанса на Албанците за неразбирливоста на неговата постапка ноќеска околу полноќ без никакво образложение да ја прекине седницата на која треба да се расправа за одземање на имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и негов петходник на спикерското столче Трајко Вељановски,.
Тој му одговори и на лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села, кој од него побара да се повлече од фунцкијата бидејќи, по сето тоа што ноќеска стори, е недостоен да ја извршува. Тој го потсети Џафери дека тој на спикерското место бил избран со „крвта на Села” и притоа побара предвремени парламентарни избори, бидејќи смета дека синоќа било спроведено сценарио на поранешните коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Џафери рече дека не е избран за претседател со ничија жртва, туку дека е дел од таа жртва. Тој е претседател на Собранието и личноста која не работи по никаков диктат.
-Се водам од уставните принципи при работата, а секој однос меѓу властите треба да биде пропишан во одредена процедура, рече Џафери.
Тој нагласи дека додека е тој претседател на парламентот никој и со ништо не може да го узурпира Собранието.
Според претседателот на Собранието, основната вина за сегашната пат позиција лежи во Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која не донесе предлог – одлука според која ќе се раководи парламентот.
Џафери смета дека без разлика што имунитетот на Вељаноски не е симнат, судот може да ја продолжи постапката
Comments are closed for this post.