Претседателот на Албанија, Илир Мета кој е во посета на Македонија на својот Фејсбук профил се пофали со фотографија од Скопје во која заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахметжи, вицепремиерот Бујар Османи и претседателот на Собранието поздравуваат со симболот на Албанците-двоглавиот орел. Прославата е по повод денот на албанската азбука.

За вечерва е превдиден и свечен настан на кој се очекува да присуствува и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Тие позираат насмеани и со прекрстени раце, знак кој беше промовиран на Европското првенство во фудбал од страна на Албанците кои настапуваа за швајцарската репрезентација.