Претседателот на Собранието, Талат Џафери, апелира надлежните комисии да работат поажурно за да можат иницијативите и предлог законите побрзо да влезат во собраниска процеура.
Ова денеска го истакна спикерот на брифингот со новинарите, откако комисијата за избори и именувања иако се состанува не носи никакви одлуки.
Постојано укажувам комисијата да работи според деловникот за да можат пленарните седници да течат без проблеми.Но, јас немам надлежност врз работата на работните тела во Собранието – истакна Џафери.
Comments are closed for this post.