Молк од Кабинетот на Претседателот на Собранието Талат Џафери за одржувањето на изборите. Со завршувањето на вонредната состојба завршуваат сите уредби донесени од Владата, па и онаа за замрзнување на изборните дејствија и продолжување што заврши вонредната состојба.

Според Уставот Претседателот на Собранието е единствен кој може да ги распише изборите откако тие што беа закажани на 12 април не се одржаа поради корона кризата.

Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев и се закани на Државната изборна комсија дека мора да ги спроведе изборите , додека нејзиниот прв човек Оливер Деркоски е јасен дека нема да свикува седница се додека не добие решение од Џефери кој е новиот термин.

(фото: МИА)

Претседателот на Собрението со решение го закажува датумот кога и да е, тоа мене не ме интересира кога ќе биде, битно е  да има решение врз основа на кое ние после тоа планираме рокови и го носиме роковникот за избори. Без тој прв чекор не може да се организираат избори. Вториот основен чекор во Изборниот законик е избирачкиот список без кој, исто така, ако не е заклучен, потврден, прочистен комплетно согласно Методологијата за избирачки список донесена во февруари 2016 година од претходната ДИК не може  да се зборува дека одите на легитимни избори – потенцира Деркоски.