Талат Џафери, денеска не дозволи обраќање на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во Собранието, кој денеска изутрина побарал од Собранието, согласно чл.72 ст.2 од Деловникот за работа на Собранието да има свое обраќање по повод расправата за Уставни измени.

– Тоа не е до мојата волја. Нема услов и по кој основ би го поканил Христијан Мицковски,вели спикерот.

Ваквиот негов став доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ побара лидерот да се обрати во Собранието бидејќи според нив во Деловникот постои таква можност.