Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во свое и во име на пратениците испрати  до сите верници од католичка вероисповед коишто живеат во и надвор од границите на земјава по повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Во оваа прилика, би сакал да Ви упатам искрени желби за добро здравје, радост и спокој во кругот на вашите најблиски. На овој голем празник, Ви посакувам да го славите животот со сета своја вистинска убавина и исполнети со најголемиот дар на овој ден Велигден, а тоа е надежта. Затоа, во духот на празникот, Ви пожелувам надежта и љубовта да царуваат во вашите срца, вашите домови и секаде околу вас – се наведува во честитката на Џафери.