Претседателот на Собранието Талат Џафери одговори на писмото на дел од претениците кои побараа формирање на Анкетна комисија за работата на СЈО.

Во писмото тој неведува неколку забелешки од техничка природа кои не биле во согласност со Уставот и законите.

Потребно е во рок од 15 денови предлог одлуката за основање на анкетна комисија да ја усогласите со наведените забелешки. Во спротивно, ќе смета дека предлог одлуката не е поднесена-стои во писмото на Џафери.

Од друга страна, пратеникот Антонио Милошоски вели дека не се откажува од формирање на оваа комисија. Станува очигледно дека владејачката коалиција СДСМ и ДУИ заедно, се повеќе се плашат од тоа да дозволат на пратениците да направат увид во СЈО.

Сметаме дека власта доколку држи до својот глас за разрешување на Катица Јанева за незаконско, несовесно и нестручно работење треба да дозволи формирање на анкетна комисија и треба да дозволи расправа за оваа точка па ако сакаат СДСМ и ДУИ нека гласаат против. Ако имаат доволно аргументи дека СЈО работело законито, дека Катица Јанева работела совесно, стручно и законски, ќе имаме расправа на дневен ред и на пленарната седница нека се изјаснат нека гласаат воздржано или против, но нека не го ускратуваат правото да се расправа за ова и да ги понудиме аргументите во таа насока-објаснува Милошоски.