Договорот од Преспа и Законот за употреба на јазиците ќе се реализираат, а волјата на граѓаните не може да се попречи, изјави собранискиот спикер Талат Џафери по денешниот брифинг со новинарите одговарајќи на новинарско прашање во врска со одбивањето на претседателот Иванов да ги потпише овие два закони.
Џафери вели дека тој има обврска тоа да го направи, бидејќи, како што потенцира волјата на Собранието, не може да се попречи и тоа ќе се реализира.
Тоа ќе се случи кога ќе ги пратам во Службен весник. Мој потис има. Тоа е одлука, рече собранискиот спикер.
Тој смета дека Собранието успеало да ги исполни очекувањата и да ги реализира активностите во негова надлежност во законодавната смисла.
Мислам дека Собранието ги исполни очекувањата за оваа година и воглавно сите битни прашања ги има завршено во соодветно време. Македонското Собрание успеа да си го оправда својата работа и да ги оправда очекувањата на граѓаните по однос на тоа.Впрочем и анкетите кои се направени од соодветни институции покажува дека Собранието соодветно било оценето, рече Џафери.
Comments are closed for this post.