Уште не стигна шокот од аферата „Мафија“, излегува аферата „Мафија 2“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска откри нов скандал со злоупотреби на матични броеви на белосветски криминалци.
Според Мицкоски, постојат над 20.000 лица со што имаат два матични броеви и едно лице со два различни матични броеви два пати го има избирачкиот список.
Овој двоен идентитет лицата можат да ги злоупотребат државните институции, банките преку отворрање трансакциска сметка, како и злоупотреба при кривична одговорност-објасни Мицкоски.
Со „Мафија 2“ на едно лице му се издадени два матични броја, истото лице е регистрирано еднаш со неговото вистинско име и адреса а вторпат е регистрирано на друго лице во друга општина.
Ова е класична злоупотреба на институциите и тежок криминал за гласање на избори-додаде Мицкоски.
Најинтересен е примерот за турскиот криминалец Седат Пекер кому власта му дала идентитетот Џадин Адемовски од Чаир.
Но Џадин, односно Седат има брат близнак роден на ист ден 22 септември 1968 година но во Сарај.
Само власта може да објасни како е можно една мајка да роди близнаци во различно место во ист ден
Comments are closed for this post.