Две деца со мали сипаници – морбили се хоспитализирани во последното деноноќие на Клиниката за инфективни заболувања. Децата се во стабилна состојба и под контрола. Едно дете кое беше со полоша клиничка слика, но и неговата состојба е стабилизирана, информираа директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стефановиќ и директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ.
Вкупно осум нови пациенти со симптоми на морбили се третирани на клиниката. Во моментов, на клиниката има вкупно 20 пациенти со потешка клиничка слика предизвикана од ова заболување.
Заболени се и дел од вработените на Клиниката.
Comments are closed for this post.