Во штипските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ регистрирани се првите позитивни случаи на коронавирусот меѓу вработени. Станува збор по еден случај во двете градинки. Директорката на градинката „Астибо“-Штип, Билјана Трајчевска ja потврдува информацијата и вели дека станува збор за воспитувачка, која по појавените симптоми на нејзиниот сопруг минатиот петок, побарале да се тестираат во приватна клиника. Вчера се тестирале, а резултатите пристигнале синоќа, по што епидемиолозите веднаш во изолација ја ставиле нејзината колешка негувателка и 12 деца од групата.
Станува збор за централниот објект. Вработената нема симптоми, сите работат според протоколите со маски и не се контактира со останатите групи и затоа ова не повлекува и други вработени или деца да се стават во изолација, вели Трајчевска.
Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Софка Атанасова вели дека кај нив е регистриран позитивен случај кај негувателка во објектот „Росица“ во населбата Ново Село. Резултатите се добиени утринава, а нејзината колешка воспитувачка и 12 деца од групата од утре ќе бидат ставени во изолација.
Comments are closed for this post.