Адвокатот Сашо Дукоски прашува зошто недостасуваат „Ватс ап“ пораките од телефонот на Бојан Јовановски. Тој нагласува дека од судот им била доставена форензичка копија во вид на екстерен хард диск. Содржината од тој диск потоа била проверна од страна на вешто лица и во присуство на Дукоски и Јовановски.

Вештакот тоа денеска го потврди и пред судот.

Дукоски објаснува дека голем број на податоци  од мобилниот телефон на Јовановски ги нема или се изменети.

Половина од таа форензичка копија не не може да се отвори. Во телефонот на Боки недостасуваат целосно „Ватс ап“ и со кого тој комуницирал. Но, има слики од „скрин шотови“. Но, фотографиите што ги има во телефонот не се подредени по датум и време туму се изместени-објанува Дукоски за „Пресинг ТВ“.