Во герила акција, дуќанот на Артан Груби во центарот на Скопје, утринава осамна со облепени плакати на кои стои дека се продава по цена од 700 евра за метар квадратен.
Претходно, деновиве медиумите пишуваат за тоа дека братот на Груби добил дуќан по цена од 700 евра за метар квадратен како возврат за работата на неговата фирма.
Дуќанот на улица „Македонија“, по пазарни цени во државата чини половина милион евра, па разликата помеѓу реалната пазарна цена и продажната е 500 отсто.
Односно, квадратен метар за деловен објект во центарот на Скопје на таа локација се движи од 3.000 евра до 4.000 евра, а тој е продаден на братот на Груби за 100.000 евра, со што се поставува прашањето, дали е тоа направено за да се избегне или да се прикрие потеклото на таквите пари или станува збор за ветување за компензација на владини функционери?
Comments are closed for this post.