Демократската Унија за Интеграција ја известува јавноста дека предлогот за пролонгирање на онлајн регистрацијата на дијаспората од 1 март до 30 септември го помага процесот на Попис и обезбедува дополнителни можности за регистрација на целата наша дијаспора.

Исто така, имајќи го во предвид бојкотот на опозицијата, нивното оспорување на процесот на попис, блокадата на собранието, започнувањето на вакцинацијата и имунизацијата на населението, како и јавното здравје, пролонгирањето на Пописот за резидентните жители на Република Македонија од месец април до месец септември оваа година претставува правилна и правична одлука.

Контрадикторните реакции на албанската опозиција зборуваат за нивната недоследност и искреност кон граѓаните.

Албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) манипулираат со чувствата на Албанците од Република Македонија и нашата дијаспора за профитирање на дневни политички поени.

Преку неколку амандмани предложени од пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива, се бараше да процесот на попис се пролонгира за одреден период, бездруго на тој амандман пишува од месец март до месец мај, поврзувајќи го истото со здравствената криза предизвикана од КОВИД-19.

Истите, откако вчера беше најавено пролонгирање на процесот на Попис на населението, денес преку нивните претседатели, Зиадин Села и Африм Гаши се спротивставуваат на нивните амандмани и предупредуваат на блокирање на целиот процес. Ова е само еден доказ повеќе дека тие се будат наутро со една идеја додека го завршуваат денот со крајно спротивни ставови.

По овој повод, Демократската Унија за Интеграција сака да им пренесе на граѓаните дека даваа поддршка процесот на регистрација да се одржи од 5 до 30 септември, а истовремено ја повикува дијаспората да продолжи да се регистрира на онлајн платформата https://census.stat.gov.mk/ од 1 март до 30 септември, додека ги уверува сите граѓани дека секој досега регистриран и секој што ќе биде регистриран до 30 септември ќе се бројат.

Демократска Унија за Интеграција