ДУИ подготвува закон за проверка на јавните функционери. Слично како некогашниот закон за лустрација, независно тело ќе ги проверува сите политичари кои ќе сакаат да стапат на јавни функции. Независното регулаторно тело составено од сите партии ќе ги проверува биографиите на сите идни политичари, пратеници, но и судии и обвинители кои сакаат да стапат на идни функции на државно ниво.
Законот носи работен наслов закон за дополнителен услов за вршење на јавна функција и како што објасни пратеникот од ДУИ Артан Груби се надева дека ќе има поддршка од сите партии.
Законот за ветинг е за избрани и именувани лица и се надеваме дека тоа ќе го решиме законски, а ако не го решиме законски секако дека ДУИ ќе си го направи самата-објасни Груби.
Comments are closed for this post.