Шефот на новото обвинителство, Советот на обвинители да го избира со двојно Бадентерово мнозинство, бара ДУИ.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ рече дека барањето за Бадентер го темелат на претходното решение кога Катица Јанеца беше избрана со двојно мнозинство.

„Знаете дека Катица Јанева беше избрана со двојно мнозинство. Сега бараме интервенција во новиот закон за Јавно обвинителство,  а тоа му го соопшти Али Ахмети и на еврокомесарот Јоханес Хан. За оваа бараме поддршка од сите партии, особено од албанската опозиција“, рече Груби и додаде дека немаат резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери.