Пратеникот Антонио Милошоски од собраниската говорница со праша премиерот Зоран Заев за средбата што ја имал со второосомничениот во случајот „Рекет“ и дали е сигурен оти имале само една средба.

Заев на тоа одговори дека имал средба со македонско потекло и оти не знае дали е државјанин на Македонија, инвеститор кој е претставник на компании со рудници кој бил со неколку бизнисмени меѓу кои бил и второобвинетиот во случајот “Рекет“ .