Секоја искра надеж е разградувана и газена од партиските притисоци на власта за нагласена партизација на општеството. Државниот апарат ги убива сите амбиции и можности за развој, но уште поважно, ги убива сонот и волјата за напредок, вели Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски .

Затоа, мора да го стопираме колективното самоуништување и да изградиме држава која ќе нуди можности за младите луѓе. Македонија – држава на сите луѓе од сите места и градови, на рамноправни едни со други, со еднакви шанси.

 

Како до тоа? Преку промени што се случуваат, преку коренити промени на свеста, преку заедничко дефинирање на нашите цели и преку покажување на пркосен отпор и верба во идеите – порачува Мицкоски.