Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани дрон, автоделови, водомери, редуцири, прехранбени производи, алат, девизи, парфеми, тоалетни води и фалсификати.
Дрон марка PHANTOM 4, 4 дискови за кочници за товарни возила и 4 ролни со фолија за дигитално печатење, откриени при контрола на македонски автобус,, управуван од македонски државјанин и пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
Непријавениот дрон бил пронајден во кутија, сместена во багажниот простор на автобусот, за која возачот изјавил дека не знаел што содржи, додека дисковите за кочници и фолиите биле пронајдени во внатрешноста на 4 употребувани гуми, исто така сместени во просторот за багаж. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Comments are closed for this post.