Бројката на новодијагностицирани денеска е под 1000 и се очекува во следниот период во таа насока да оди ситуација односно да има стабилизирање односно воведениот полициски час да даде резултати, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека се подготвени да препорачаат и дополнителни рестрикции, но во секојдневна комуникација со тимот сметаат дека дополнителни рестрикции засега не се потребни.
-Следни чекори, доколку се препорачуваат би биле зголемување на времетраење на полициски час и скратување на работа на угостителски објекти. Сметаме дека веќе на почеток на следната недела ќе имаме резултати од полицискиот час и дека бројките ќе се стабилизираат, истакна Филипче.
Comments are closed for this post.