Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше герила акција на влезот на Скопје.

Имено тие ја прашуваат власта преку транспаренти до каде се со пописот кој сакаат да го протуркаат во време кога бројот на заболени од коронавирус вртоглаво расте.

Бројот на заболени расте, до каде сте со пописот?, пишува на транспарентот.

Инаку пописот треба да се одржи во земјава од 1 до 21 април идниот месец, во време кога во Македонија бројот на заразени расте од ден на ден.

Само вчера беа регистрирани над 1200 новозаразени, а бројот на починати во просек на ден не е под 15 лица.