Српските но и останатите туристи се соочуваат со многу проблеми за влез во Грција.Поради новите мерки граничниот премин Евзони има ограничено работно време. Тој е отворен од 6 до 22 часот по наше време па сите кои ќе дојдат подоцна се принудени да спијат на граница или пак оние што се со мали деца одат во Дојран да најдат преноќиште.

Сите турсти задолжително мораат да пријават еден ден претходно каде ќе престојуваат а по случаен избор можно е да им биде направен и брз корона тест.

За сите останати е потребен ПЦР тест или потврда за вакцина со примени две дози.