Заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и учебниците на денешната средба во Софија не постигнала никаков договор околу заедничкото чествување на македонскиот револуционер Гоце Делчев, дознава Пресинг Тв.

Ликот и делото на Делчев остана за разгледување за денеска, откако вчера членовите на комисијата разгледуваа некои поединости за содржината на учебниците за периодот од средниот век.

Пред почетокот на дводневната средба, првиот човек на бугарскиот дел на комисијата, поранешниот амбасадор во Скопје, Ангел Димитров, во емисија на БНР, меѓу другото, изјави дека личноста на Гоце Делчев треба да се разгледува само во контекст на неговото историско време, а не на начин, според кој, тој подоцна е прифатен и наложен како симбол на постоењето на современата македонска држава.