Додека министерот за здравство, Венко Филипче тера партиски активности и реди функции по партиски конгреси вработени во болниците низ Македонија, како медицински сестри, во услови на тешка економска криза и пандемија со корона вирусот со месеци немаат земено плата.
Додека министерот Филипче си тера ПИ-АР дека во државата се е под контрола, пред се со Ковид-19, а од друга страна викендов си истера партиски конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на кој беше избран и за еден од неговите потпретседатели, вработени низ болниците работат без плата.
Имено, станува збор за над 100 вработени во Клиничката болница во Тетово кои четири месеци работат без плата. Како што извести телевизија Алсат, 119 вработени во тетовската Клиничка болница кои беа ангажирани за време на пандемијата, немаат добиено плата четири месеци.
Како што пренесува телевизијата вработените немаат палата поради доцнење во изготвувањето на новите договори, а од друга страна решение за нивниот проблем нема ни на повидок. Тие се сретнаа и со двајцата директори за нивниот проблем, но останаа без конкретни одговори.
Како револт кон неисплаќањето на плати, дел од медицинскиот персонал веќе не оди на работа.
„Договорите се потпишани од април, се очекува и од другиот потпис, од директорот. Ние не сме добиле плата од 31 декември и не сме отишле на работа“, вели една медицинска сестра.
Генералниот директор на болницата во Тетово рече дека ги потпишал договорите и се очекува потпишување и од економскиот директор.
„Тие имаа договори до 31 декември 2020 година. Поставивме барање до Министерството за финансии и до Здравство за да добиеме согласност за истите да го продолжат договорот. Некаде на крајот на март добивме согласност и сме во фаза на подготовка на договорите, а платите не беа пуштени затоа што не можат да се дадат без договори“, изјави Артан Етеми, економски директор на Клиничката болница во Тетово.
Кога вработените во тетовската болница ќе добијат плата не се знае, Од Министерството за здравство велат дека по согласноста, изработката на договорите понатаму зависи од администрацијата на Болницата.
Освен овој случај на вработени во болниците кои со месеци не земале плата, во здравството има и други проблеми со кои се соочува здравствениот персонал. Голем е бројот и на медицински сестри кои во услови на пандемијава кога се на првите борбени редови со Ковид-19, оставени со договор на дело без здравствено осигурување.
Министерот за здравство ги нема исплатено ниту 5% покачување на платата на сите здравствени работници, кое самиот министер Филипче им го вети.
Comments are closed for this post.