Анџела Прајс Агелер, дипломатка од кариера, е номинирана од американскиот претседател Џо Бајден да биде нова амбасадорка во Скопје,  Македонија, соопшти Белата куќа.

Досега таа беше в.д. амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан. Претходно има работено на разни функции во Стејт Департментот и во амбасадите во Париз, Ханој, Њу Делхи и Будимпешта, како и во амбасадата во Скопје, задолжена за односи со јавноста.

Ангелер рече дека е почестена од кандидатурата за нова амбасадорка во  Македонија.

Пред преземањето на функцијата и претстои и конфирмација од страна на Сенатот, после што претседателот и официјално ќе ја наименувана за амбасадорка. Вообичаено процесот од номинација до конфирмација трае околу 67 дена. Ангела Агелер зборува покрај англиски и француски, и македонски јазик.