Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој учествуваше во дебатата заедно со Мухамед Зекири од СДСМ, изјави дека ако е целта пратениците да се однесат поблиску до граѓаните за да се направат поактивни и поодговорни, тогаш давањето на една изборна единица е погрешна.
-Ако сакаме пратениците да ги однесеме поблиску до граѓаните и да ги направиме поактивни и поодговорни тогаш давањето на една изборна единица е погрешна. Нашиот предлог е да ги вратиме пратениците таму од каде што доаѓаат и да одиме со еден систем којшто го имавме на почетокот на 90тите години, а тоа е 120 изборни единици по принципот на мнозински ситем каков што има Велика Британија, Канада, САД, со плурално гласање, оној којшто ќе добие во првиот најмногу гласови ќе стане пратеник. Значи, најсилни демократии во светот го имаат тој систем.
Comments are closed for this post.