Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, кој му ги предаде копиите од акредитивните писма.
Покрај протоколарниот дел, информираат од МНР, на средбата биле опфатени прашања во врска со билатералната соработка меѓу двете земји и разменети мислења и видувања за нејзино натамошно унапредување. Обострана е оценката за видливиот напредок во развојот на меѓусебните односи каде централно место има имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како добра основа.
Соговорниците ја реафирмирале посветеноста на двете држави на добрососедската политика, како и соработката во рамки на меѓународните институции и регионалните иницијативи.
Министерот Димитров, на амбасадорот Ангелов му посакал срдечно добредојде и успех во неговиот дипломатски ангажман во насока на понатамошен развој на блиските и пријателски односи и соработката меѓу двете соседни земји
Comments are closed for this post.