СДСМ тоне во криминал, а мафијашкото делување е единствениот принцип во партијата, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Костадин Костадинов.

Нарачани политички изјави од лица обвинети за сериозни дела за Зоран Заев имаат поголемо значење , отколку сведоштвата на Стојан Андов кој директно го посочи Љубомир Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров. Зоран Заев, исто како и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството’ молчат околу новите наводи за атентатот врз Претседателот Киро Глигоров. Ниту атентат ги интересира, ниту обврската кон семејството на покојниот Претседател Киро Глигоров ги интересира, иако и најблиските и целата јавност имаат право да ја дознаат вистината околу хаосот и црнилата што и пред 24 години ги донесе СДСМ, стои во реакцијата од опозициската партија.

Од таму додаваат:

Покрај нарачани обвиненија, нарачани пресуди и нарачани службени белешки, аболицираниот Заев сега си нарача и сведочења со кои што сака да спроведе план за компромитирање на ВМРО ДПМНЕ и финален удар врз партијата. Заев се лаже доколку мисли дека со притисоци, злоупотреби на институциите и удбашки конструкции ќе ја клекне на колена партијата, а преку ВМРО ДПМНЕ и Македонија и македонскиот народ.